Thursday, May 30, 2013

Митерална стеноза




              Митералната стеноза  предизвикана е од стеснување на митералниот отвор, поради меѓусебно стеснување на комисурите, куписите или тендинозните хорди, со отежнат проток  на крвта од левата преткомора во левата   комора.Стеснатата митрална валвула има изглед на инка, а отворот личи на рибина уста. Скоро секогаш (99%) последица е на ревматски ендокрадит. Околу 50 % од болните не даваат податоци за преживеана ревматска треска. Почесто се јавува кај жени о(2/3% од болните се жени) ретко може да се јави и при опструкција од тумор, присуство на тромбитични маси или  во комбинација со некоја вродена мана.

              Првите симптоми се појавуваат 5- 20 години по преживеаната ревматска треска, откако ќе се појават симптомите обично поминува уште една деценија пред да предизвикаат онеспособување на пациентот.Обично заморот, диспнејата и јасниот белодробен едем се најчестите симптоми на митралната стеноза.Белодробниот едем се јавува при ненадеен зголемен проток низ значајно стеснетиот митрален отвор. Појавата на папилации е разултат на  постоење на преткоморни аритмии,развојот на преткоморна фибрилација најчесто се врзува со прогресија на болеста.Кај случаи со митрална стеноза со преткоморна фибрилација и кај постари болни доаѓа до емболизација најчесто во мозокот,бубрезите слезината и екстремитетите. Зголемениот белодробен притисок(при што доаѓа до рептура на преполнетите белодробни вени)  доведува до хемоптизии.Отокот на слузницата на бронхиите, неретко доведува до рецидивирачки бронхитис со кашлица и скрвичав искашлок. Во напреднати случаи се  јавуваат и симптоми на ангна пекторис, особено при напор.
              
                    Кај болни кои немаат симптоми не се даваат лекови, само се дава терапија за профилакса на рецидив на ревматска треска.Медикаментозна терапија се спроведува кај болни со умерени симптоми.Се избегнува физичка активностч се намалува внесувањето на сол, се даваат диуретици,антикоагуларни лекови, антиаритмичк лекови .Хируршка терапија се спроведува кај случаи со сериозни симптоми. 

No comments:

Post a Comment