Претставува стекната срцева мана,предизвикана од непотполно затворање на
митралниот отвор, поради разорување или скрвчување на залистоците од митрална валвула,
при што крвта од левата комора се враќа во левата комора.Најчесто митралната
регрургитација е последица од ревматски
ендокрадит , може да се јави и при инфективен ендокрадит,мирокрадит,
кардиомиопатија,масивен срцев инфаркт со руптура на папиларните мускули и horde tendinee , почесто се јавува
кај мажи.
Поминува долг период додека се јават првите симптоми, кога ќе се
појават слични се како оние на митралната стеноза, но од поумерен
степен.Водечки се заморот и диспнејата при напор.Хемоптизиите и нападите на
ангина пекторис се ретки, бидејки притисокот во белодробната мрежа не е висок.
Од друга страна хроничната слабост и изнемоштеноста се поистакнати.Симптоми на
слабост на десното срце( едеми на долни екстремитети, зголемен хепар и асцит) се
јавуваат по долго траење на митралната регургитација.
Лекување: При умерен степен на митрална
регургитација лекувањето е медикаментозно,се даваат диуретици и средства за
зголемување на срцевата контракција, како и диета без сол и избегнување на
поголем физички напор.ируршка терапија се препорачува кај пациенти со тежок
степен на митрална регургитација и кај оние со умерен степен, но со прогресивно
попуштање на левата комора, каде и покрај медикаментозно лекување нема
подобрување.
No comments:
Post a Comment