Срцевите мани се едни од најчестите причини за пореметување на
срцевата функција кај млади и болни од средно животно доба. Постојат вродени и
стекнати срцеви мани.
Вродените срцеви мани настануваат во текот на ембрионалниот развој на
срцето ( во првите три месеци од бременоста ) заради дејство на различни
етиолошки фактори : наследни фактори и
фактори на средината т. е. тератогени агенси кои делуваат во текот на
интраутериниот живот на плодот. Тука спаѓаат:
-Вирусни инфекции( рубеола, грип и
сл.)
-Хемиски фактори – лекови (тетрациклини, хормони и друго)
-Физички фактори – ( ренген зрачење)
Поделени се на:
●циајаногени - кои настануваат
заради мешање на артериската и венската
крв, болниот заради намалување на количината на кислород во
артериската крв има модра, цијанотична боја. Тука спаѓаат:
а)мани со десно–лев отвор – настанува дефект во
преградите и има мешање на aриската со венската крв (tetralogija falot, tyrilogija falot) .
б)комплетна транспозиција на големите крвни
садови- т. е. погрешно излегување на големите крвни садови.
в)сложени срцеви мани со здружени шуплини-(единична
комора, единична предкомора)
●ацијаногени тука спаѓаат:
а)вродени срцеви мани со лево – десен
отвор(аријален септален дефект, вентрикуларен септален дефект,
аортико-пулмонална фистула и друго)
б)срцеви мани со стеноза – ( аортална, на а.pulmonalis)
Стекнати срцеви мани кои
настануваат ако штетните фактори ( инфекции, труења и сл.) делуваат по раѓањето, најчесто
(80%) од случаевите се последица на ревматска треска, т. е . ревматски
ендокардит. Стеикнате срцеви мани се делат според валвулите и нивните промени
предизвикани од патолошкиот процес на: мителарни валвуларни мани(митерална
стеноза и митерална исуфициенција),аортни валвуларни мани (аортна стеноза и
аортна исуфициенција),трикуспидални валвуларни мани (трикуспидална стеноза и
трикуспидална исуфициенција) и комбинирани ако со патолошкиот процес се
зафатени повеќе валвуоли.
No comments:
Post a Comment