Претставува ограничена исхемична некроза на
миокардот предизвикана од нагло преќинување или од потполен прекин на коронарната
циркулација.Најчестата причина за стеснување на една корнарна артериа е
артериосклероза на која се надоврзува тромб кој доведува до потполно затнување
на коронарната артерија.Кај 20% од болните од АИМ нема опструктивни промени на
коронарнарните артерији па се смета дека главна улога кај нив има коронарната
артериска спазма.
Се карактеризира со
градна болка која трае повеќе да 15 минути и обично е лоцирана зад стернумот во
целиот предсрцев предел или
епигастрично.Честопати болката се шири кон левата рака, кон вратот и долната
вилица, а може и кон грбот и кон обете рамена, болката е длабока и се опишува како
„стегање како менгеме”, „печење”, „прободување со нож”, „тежина” и сл. Болката
вообичаено е со константен интензитет, но често се засилува и станува ”раскинувачка” , се јавува обично наутро.
Може да биде придружена од чуство на слабост, студенило, вртоглавица,
светкавици, папитации, ндесвестица. Болните
облеани се со пот, страв од блиска смрт, вознемирени, а може да има
гадење и повраќање,крвниот притисок обично е низок во првите часови а потоа се
нормализира, во моментот на инфарктот се јавува брадикардијата, а при по обемен
инфаркт се јавува тахикардија како последица на инсуфицикација на срцето.
Дијагноза
Физикалниот наод покажува дека во првите неколку часа на АИМ нема
значајни физички промени, ЕКГ- промените типични за акутен инфаркт се јавуваат
по неколку часа од почетокот на болеста, со што приближно се утврдува
големината и локацијата на некрозата, класични промени за АИМ се следните знаци,
но секоја од нив може да настани посебно..Исхемија- нормално снабдување со
крв,се карактеризира со превртен(обратен)Т- бран. Лезија- значи акутност на еден инфаркт т. е. овој наод на ЕКГ
зборува за свеж инфаркт, означува подигање на ЅТ сегментот над хоризонталната линија на ЕКG.Некроза или
Инфаркт на ЕКG се дијагностицира со Q-
забец, значаен Q- забец е оној кој е широк еден мал квадрат или кој е длабок
една третина од QRS комплексот.
Лекување: болните од АИМ се сместуваат во коронарна единица(специјализирани
болнички оделенија за интензивна нега), основна цел на интензивното лекување е
континуирано 24 часовно следење на срцевата работа на монитор, изолација и
апсолутен мир.Лекарите и сестрите кои работат во коронарната единица треба да
се додатно обучени, а неопходно е и нивно постојано присуство во коронарната
единица.
Лекувањето се состои од :
Општи мерки – веднаш се даваат лекови да ја смират градната болка
аналегетици најдобро морфиум, кислород се дава само кај оние болни кај кои
болката не се смирува и има знаци на срцева слабост и шок,бидејки болните се вознемирени
се даваат и седативи во текот на првата недела.
Главни мерки: реканализација(реперфузија) на инфарктната артерија и
одржување на проток низ неа е главна цел на лекувањето, се дава тромболична терапија
во првите 6-12 часа кои го разлагаат оклузивниот тромб, потоа се продолжува со
давање на хепарин во следните 48 часа и таблети аспирин(100-160 мг./ден).
Реваскулација по АИМ со коронарна ангиопластика- оваа метода се изведува со
ширење на коронарната артерија така што катетерот со балонот се надувува,
при што притиска на ѕидовите на коронарната артерија и механички ги проширува,
за постигнување на подобри резултати со ангиопластика се препорачува и
постевување на стентови, со што се соречува појавата на рестеноза на местото на
проширување на инфарктната коронарна артерија.
Хируршко лекување резултатите од итно премостување –бај-пас операција по
АИМ се покажа разочарувачки, така што
современата кардиохирургија предвидуваат операции само кај компликации.
No comments:
Post a Comment