Thursday, May 30, 2013

Срце



Циркулаторниот систем го сочинуваат два системи: крвоносен и лимфен,низ кои постојано струи течност, крв или лимфа.Преку течноста што кружи низ овој систем се врши тренспорт на хранливи материи и на кислород до ткивата односно клетките, а од нив се изнесуваат крајните продукти на метаболизмот и јаглеродниот диоксид.Покрај тоа, тој придонесува за изедначување на температурата на  телото, ја регулира содржината на вода и соли во организмот, врши дистрибуција на хормони и витамини со што учествува во контролата и интеграцијата на безброј функции, врши транспорт на антитела со што се зголемува одбранбената способност на организмот и друго.  
            Системот на срцето и крвните садови формираат потполно затворен систем од канали, преку кои постојано циркулира крвта благодарение на ритмичката контракција на срцевиот мускул.  Крвта го предава кислородот и харанливите материи на ткивата, а го прима јаглеродниот диоксид и непотребните продукти на метаболизмот кои ги носи до органите за излачување (плуќа и бубрези).  Крвните садови, артериите и вените претставуваат канали кои се разградуваат по целото тело со исклучок на ’рскавиците и проѕирните делови на окото. 
            Артериите (arteriae) се крвни садови кои ја водат крвта од срцето кон периферијата на телото.  Тие обично го завземаат најкусиот пат одејќи праволиниски до органот кој го васкуларизираат и исхрануваат.  На својот пат од срцето кон периферијата од нив се издвојуваат бочни гранки и со тоа го намалуваат својот пречник.  Ѕидовите на артериските крвни садови се изградени од три слоја, внатрешен, среден и надворешен.  Внатрешноит слој (tunica intima) е составен од еднослоен лушпест ендотел.  Средноит слој (tunica media) е изграден од мазни мускулни влакна, тој е најдебел и функционално најзначаен.  Надворешниот слој (tunica adventitia) е сврзана обвивка во која се наоѓа мрежа од автономниот нервен систем за инервирање на мазните мускулни влакна.
            Вените (venae) се крвни садови кои ја враќаат крвта од периферијата на телото кон срцето.  Започнуваат со најситни венски садови венули (venulae) и постепено го зголемуваат својот пречник.  Тие се одликуваат со многубројни анастомози кои формираат мрежа (rete venosum) или сплет (plexsus venosus).  Тие се делат на:
длабоки и површински, а длабоките вени ги пратат артериите.  Ѕидовите на артериите се состојат од три слоеви: внатрешен слој, кој поседува залистоци кои го оневозможуваат враќањето на крвта под дејство на земјината тежа.  При пропуштање на функцијата се јавуваат јазловидни проширувања (varices).  Средниот слој е потанок од оној на артериите и затоа не се толку еластични како нив. 
             Капиларите (vasa capilaria) се мали крвни садови со должина од 1-2 мм, а луменот изнесува од 5-25 микрони.  Ѕидот на капиларата се состои само од еден слој клетки ендотел.  Протокот на крвта во нив е многу бавен, а со тоа се овозможува размена на материите и гасовите.

АНАТОМИЈА НА СРЦЕ (COR)

Срцето е главен орган на системот за крвоток.  Тој е шуплив мускулен орган, сместен во предниот дел на средноградието (mediastinum) обвиткано со својата ќеса (pericardium).  Поставено е косо, одозгора надолу, наликува на тристрана пирамида со базата свртена наназад, нагоре и надесно, а врвот нанапред, надолу и налево. Напред, поради стернумот, се наоѓа десната комора со а.pulmonalis, a левата комора со аортата позади и лево.  Срцето со коренот на големите крвни садови се наоѓа во срцевата кеса (перикард), која има два листа, од кои надворешниот е подебел а внатрешниот потанок и навлегува во срцевиот мускул (епикард).   

Функција на срцето и крвотокот



              Крвотокот може да се подели на:системска циркулација (голем крвоток) и периферна циркулациија (белодробна циркулација) т.е. мал крвток. Кардиоваскуларниот систем (КБС) ги снабдува ткивата со кислород,хранливи материи и  други неопходни супстанции, а го отстранува јаглен – диоксидот и штетните продукти на метболизмот. Во текот на една минута срцето е способно да испумпа 4–6l крв, а во случај на потреби, со помош на компензаторните механизми и
4-7 пати повеќе.



              КБС претставува затвоен систем, во кој тече крв од место со поголем кон место со понизок притисок.Високиот притисок во затворениот систем на големиот и  малиот крвоток го обезбедува срцето како пумпа. Покрај тоа на механизмот на регулација на крвоток влијаат и други комплицирни механизми. Во срцето левата и дсната комора, односно прткоморите,се потполно одвоени и пртставуваат  две пумпи; левата пумпа спроведува крв богата со кислород  од белите дробови во ткивото, додка десната пумпа ја враќа крвта во белодробната артерија.

Срцевии мани



Срцевите мани  се едни од  најчестите причини за пореметување на срцевата функција кај млади и болни од средно животно доба. Постојат вродени и стекнати срцеви мани.


              Вродените срцеви мани настануваат во текот на ембрионалниот развој на срцето ( во првите три месеци од бременоста ) заради дејство на различни етиолошки фактори : наследни фактори и   фактори на средината т. е. тератогени агенси кои делуваат во текот на интраутериниот живот на плодот. Тука спаѓаат:           
              -Вирусни инфекции( рубеола, грип и сл.)
              -Хемиски фактори – лекови (тетрациклини, хормони и друго)
              -Физички фактори – ( ренген зрачење)

Митерална стеноза




              Митералната стеноза  предизвикана е од стеснување на митералниот отвор, поради меѓусебно стеснување на комисурите, куписите или тендинозните хорди, со отежнат проток  на крвта од левата преткомора во левата   комора.Стеснатата митрална валвула има изглед на инка, а отворот личи на рибина уста. Скоро секогаш (99%) последица е на ревматски ендокрадит. Околу 50 % од болните не даваат податоци за преживеана ревматска треска. Почесто се јавува кај жени о(2/3% од болните се жени) ретко може да се јави и при опструкција од тумор, присуство на тромбитични маси или  во комбинација со некоја вродена мана.

Митрална регургитација





              Претставува стекната срцева мана,предизвикана од непотполно затворање на митралниот отвор, поради разорување или скрвчување на залистоците од митрална валвула, при што крвта од левата комора се враќа во левата комора.Најчесто митралната регрургитација  е последица од ревматски ендокрадит , може да се јави и при инфективен ендокрадит,мирокрадит, кардиомиопатија,масивен срцев инфаркт со руптура на папиларните мускули и horde tendinee , почесто се јавува кај мажи.
               Поминува долг период  додека се јават првите симптоми, кога ќе се појават слични се како оние на митралната стеноза, но од поумерен степен.Водечки се заморот и диспнејата при напор.Хемоптизиите и нападите на ангина пекторис се ретки, бидејки притисокот во белодробната мрежа не е висок. Од друга страна хроничната слабост и изнемоштеноста се поистакнати.Симптоми на слабост на десното срце( едеми на долни екстремитети, зголемен хепар и асцит) се јавуваат по долго траење на митралната регургитација.
Лекување: При умерен степен на митрална регургитација лекувањето е медикаментозно,се даваат диуретици и средства за зголемување на срцевата контракција, како и диета без сол и избегнување на поголем физички напор.ируршка терапија се препорачува кај пациенти со тежок степен на митрална регургитација и кај оние со умерен степен, но со прогресивно попуштање на левата комора, каде и покрај медикаментозно лекување нема подобрување. 

Ангина пекторис




                Предизвикана е од недоволно снабдување на миокардот со кислород,наспроти зголемените потреби. Локализирана е најчесто централно, зад средната и/или долната третина на градната коска. Се шири кон левото рамо, по внатрешниот раб на левата рака,кон обете рамења, назат во плешките, кон вратот и
долната вилица. По квалитет е нагла, силна, интензивна остра и стегачка, но може да биде и во вид на стегање , тежина, притисок или задушување, трае 1 – 10 минути.   
               Предизвикана е од еизички напор, излегување на ладно, студен ветар, обилен оброк, стрес, напнатост и сл.Придружена е со страв , бледнило, оросување со пот, изнемоштеност, забрзан пулс, зголемен крвен притисок (ретко намален).          

Акутен инфаркт на миокард


Претставува ограничена исхемична некроза на миокардот предизвикана од нагло преќинување или од потполен прекин на коронарната циркулација.Најчестата причина за стеснување на една корнарна артериа е артериосклероза на која се надоврзува тромб кој доведува до потполно затнување на коронарната артерија.Кај 20% од болните од АИМ нема опструктивни промени на коронарнарните артерији па се смета дека главна улога кај нив има коронарната артериска спазма.